Македонија ќе ги добие ривалите во Лигата на нации

Македонија ќе ги добие ривалите во Лигата на нации

пред 9 месеци

Foto/ ffm.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе ги дознае ривалите за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Македонија во овој циклус ќе се натпреварува во Ц-дивизијата.

Ждрепката, Македонија ја чека од третиот барабан заедно со Словачка, Северна Ирска и Кипар.

Лигата на нации од оваа издание ќе се игра во нов формат. Првите две селекции од секоја група ќе играат
четвртфинале, полуфинале и финале. Третиот од групата ќе игра плејоф, а последниот ќе испадне.

Првите две кола ќе се играат на 5. и 8. септември 2024 година, третото и четвртото на програмата ќе бидат на 10. и 13. октомври, а последните две кола се на 14. и 17. ноември. Елиминациската фаза ќе се игра во 2025 година.

Четирите победници на Лигата на нации кои нема да се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година ќе имаат можност да играат плејоф за да обезбедат пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Дивизија Ц

Барабан 1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Барабан 2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарските Острови
Барабан 3: Северна Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Барабан 4: Белорусија, Гибралтар/Литванија, Естонија, Летонија

Извлекувањето на групите ќе се одржи вечерва (18 часот) во Париз.

Share
Scroll to Top