Марез не отфрла трансфер во Марсеј или ПСЖ

Марез не отфрла трансфер во Марсеј или ПСЖ

пред 3 месеци

Ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез е подготвен за иден трансфер во Пари Сен-Жермен или Марсеј, иако Алжирецот има договор со „граѓаните“ до 2023 година.

Марез пристигна во Англија во јануари 2014 година, кога Лестер го купија од Ле Авр за само 500.000 евра, освојувајќи ја титулата со „лисиците“ во 2015/16, пред Сити да платат 61 милион фунти за 29-годишниот Алжирец во 2018 година. Во првата сезона, тој освои тројна титула со Сити, а иако тоа не успеаја да го достигнат минатата сезона, тој е еден од најпостојаните во тимот на Пеп Гвардиола.

При гостување на „Канал плус“ во разговор со дефанзивецот на Сити, Бенжамин Менди за враќањето во Франција, Марез беше искрен.

„Тој е луд, но вистина е дека сум навивач на Марсеј од моето детство. Пари Сен-Жермен? Сега не е релевантно да се одговара бидејќи сум под договор во Манчестер, но Париз е мојот град. Јас сум роден и израснат таму. Никогаш не знаеш што носи иднината“, вели Марез.

Share

Akudama Drive (https://animeheaven.pro/m/MQ2k) Episode 12 at website https://animeheaven.pro dr stone anime heaven

Watch Cells at Work!! Episode 1 at website https://animefreak.ws animefreak chatango

Scroll to Top