„Марка“: ТАА го известил Ливерпул дека нема да потпише нов договор

„Марка“: ТАА го известил Ливерпул дека нема да потпише нов договор

пред 1 ден

Трент Александер-Арнолд (ТАА), ги известил челниците на Ливерпул дека сака да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид.

Ова го тврди „Марка“, поточно новинарот Хозе Феликс Диас, кој уверува дека Англичанецот е најблиску до одлука да не потпише нов договор со Ливерпул и дека за тоа ги известил челниците на „црвените“.

„Марка“, пишува дека ТАА е свесен колку Реал Мадрид го посакува во својот тим и дека за се бил информиран од прва рака, од неговиот пријател и репрезентативен соиграч Џуд Белингем.

„Марка“ пишува дека Ливерпул направил се во последните месеци, неколку пати ја подобрувал својата понуда, но сепак не добил позитивен одговор.

Диас дури уверува дека сега останува на Ливерпул дали да го пушти Трент да си замине во зимскиот преоден рок, за да заработи од неговото заминување на шест месеци пред истекот на договорот или да му дозволи да си замине на лето без обештетување.

Сепак, англиските извори и понатаму тврдат дека Ливерпул ќе направи се за да го задржи ТАА до крајот на сезоната и дека немаат намера да го пуштат среде сезона, во ситуација кога клубот е во трака за сите трофеи.

Share
Scroll to Top