Марсело останува во Реал

Марсело останува во Реал

пред 3 години

Марсело и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објави „Марка“. Во текстот со наслов „Не мрда никаде“, се наведува дека Бразилецот изразил желба да остане во клубот до истекот на договорот, кој истекува во јуни 2022 година.

Марселона, минатата сезона, кај Зинедин Зидан го загуби местото во стартната постава. На позицијата лев бек, најмногу натпревари одигра Ферлан Менди, се очекува францускиот бек да биде прв избор и на новиот тренер Карло Анчелоти.

Марсело има годишна плата од 10 милиони евра. Оваа сума, бидејќи се работи за играч кој има 34 години, на Мрсело не може да му ја понуди ниту еден друг клуб.

Share
Scroll to Top