Матиќ: Претседателе убедете го Видиќ да го спаси српскиот фудбал

Матиќ: Претседателе убедете го Видиќ да го спаси српскиот фудбал

пред 6 месеци

Немања Матиќ, ѕвездата на Манчестер јунајтед, со писмо ѝ се обрати на српската јавност. Во писмото тој го поддржа Немања Видиќ, кој минатата недела, за неуспехот во баражот за пласман на ЕУРО 2021, ги обвини челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Матиќ, во писмото, апелира и до претседателот на државата, Александар Вучиќ, да се ангажира Видиќ да стане прв човек на Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Почитувани љубители на фудбалот во Србија,

Должен сум да го објаснам моето повлекување од репрезентацијата на Србија, па затоа ќе започнам од тоа.

Пред почетокот на квалификациите за Европското првенство, го свртев вниманието на луѓето во Федерацијата кон неколку работи што може да не чинат пласман на Европското првенство.

Реков дека ако тие работи не се променат, ќе „налетаме“ на малку посериозна репрезентација и таа ќе ја наполни нашата мрежа (се случи Украина 5:0). Исто така, реков дека нема да се квалификуваме ниту преку Лигата на нации, бидејќи Бог нема да ни даде (се случи Шкотска).

Бидејќи мојот совет не беше прифатен, се чувствував отфрлен и не сакав да се мачам или да учествувам во сето тоа!

Мислам дека не сум важен во овој момент и затоа ќе се префрлам на она што е најважно за иднината на нашиот фудбал.

Многумина се прашуваат како и со кого понатаму…?

Да се вратиме петнаесет години наназад кога германската репрезентација беше во голема криза, тогаш тие одлучија дека е време за промена и го назначија Матијас Замер (освојувач на Златната топка) да ги организира сите селекции и првиот тим. Денес нивниот фудбал е таму каде што е, најмногу благодарение на него.

Сега да погледнеме како е кај соседите.

Хрватска го има Давор Шукер за свој претседател, тој беше најдобар напаѓач во Европа, еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид и верувам дека на играчите не им е седно кога некој со такво име ќе застане пред нив.

Црна Гора е предводена од ГОЛЕМИОТ Дејан Савичевиќ, еден од најдобрите играчи на сите времиња во нашиот регион. Поминаа многу години откако Дејо играше фудбал, но и денес, навивачите на Звезда и Милан се сеќаваат на мајсторот, ги раскажуваат неговите акции. Кога ќе се појави на митинзите на УЕФА, сите, кон него и Давор Шукер, покажуваат голема почит кон нив, а со тоа и кон земјите што ги претставуваат. Решението за спас на нашиот фудбал е едноставно,

НЕМАЊА ВИДИЌ

Мислам дека со својата работа, искреност, фудбалско знаење, професионализам, посветеност на фудбалот, тој е во состојба да го однесе нашиот фудбал на врвот на Европа, каде што и самиот беше како играч. Ако соседите можат да се пофалат дека ги имаат своите најголеми легенди на чело на Фудбалските сојузи, зошто и ние да не го направиме истото. Големиот Немања Видиќ на чело на ФСС. Додека го пишувам ова, очите ми се полнат со солзи радосници од помислата дека може да се случи тоа. Немања ќе ја врати надежта во фудбалска Србија, луѓето ќе доаѓаат на натпреварите за да ја поддржат својата земја. Не би морале да делиме билети и да ги молиме луѓето да дојдат на стадион (ФСС знае за што зборувам).

Не барам никој да биде избркан, туку барам Немања Видиќ да одлучи кој треба и што треба да се стори во нашиот фудбал, бидејќи имам апсолутна доверба дека тој ќе стори сé што е во полза на нашиот фудбал.

Тој исто така мора да добие поддршка од државата Србија, бидејќи фудбалот е многу важен. Сите знаеме дека претседателот Александар Вучиќ е голем љубител на спортот, затоа го поканувам да даде свој придонес обидувајќи се да го убеди Немања да ја преземе таа одговорност и да преземе активности за спас на српскиот фудбал. Го промашивме Европското првенство, немојте да го промашиме и Немања Видиќ

Поздрав,

Немања Матиќ “.

Share

AniWatch watch anime online: Watch My Hero Academia Episode 2 (https://aniwatch.pro/m/lXR/ep-2)

4Anime persona 4 the animation free: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 5 (https://4anime.biz/m/Rjdd/ep-5)

Scroll to Top