Шефилд го скрши малерот, сефте-триумф сезонава во ПЛ

Шефилд го скрши малерот, сефте-триумф сезонава во ПЛ

пред 3 години

Премиерлигашот Шефилд Јунајтед чекаше цели 18 кола за да ја забележи првата победа сезонава. На стадионот „Брамал лејн“ конечно освоени трите бода, падна Њукасл со 1-0.

„Фенерџијата“ на табелата до триумф стигна со гол од пенал откако во 72. минута од мечот Фернандез играше со рака во шеснаесетникот. ВАР технологијата потврди дека имало пенал, па Били Шарп шутираше прецизно за 1-0.

Шефилд со денешните 3 освои досега само 5 бода сезонава и е убедливо последен со – 9 бода од позицијата која носи опстанок во ПЛ.

Share
Scroll to Top