Мбапе не сака да биде соиграч со Халанд

Мбапе не сака да биде соиграч со Халанд

пред 3 години

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има пеколен план за наредното лето. Тој планира во Реал да ги донесе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Реал се обидоа да го донесат Мбапе и во штотуку завршениот преоден рок, меѓутоа ПСЖ ја одби понудата од 200 милиони евра. Планот на Перез е јасен, наредното лето бесплатно ќе го добие Мбапе, а парите кои имаше намера да ги потроши за трансферот на францускиот напаѓач ќе ги пренасочи во трансферот на Халанд.

Меѓутоа, Реал тешко дека ќе може да го реализира овој план.

Шпанскиот новинар, Алберт Лесан, тврди дека Мбапе нема намера да биде соиграч со Халанд. Францускиот напаѓач не го „мириса“ Халанд, а тоа најдобро се виде, пред две сезони кога ПСЖ и Борусија Дортмунд играа во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

„Мбапе го предупреди Реал да заборават на него доколку во тимот пристигне Халанд“, тврди новинарот Лесан.

Share
Scroll to Top