Шпански „АС“ пренесува дека растат шансите Реал Мадрид да го ангажира брзоногиот француски фудбалер, Килијан Мбапе. Наводно, францускиот фудбалер на „Светците“ им поставил услов за продолжување на договорот.
ПСЖ е во проблеми затоа што договорот на Мбапе истекува во 2022 година, а Реал сака да го доведе на „Бернабеу“ по секоја цена. Шпекулациите се дека шпанскиот шампион веќе е подготвен за понуда од 180 милиони евра, а доколку ПСЖ го пролонгира договорот, постои опасност за нив Французинот да отиде во Мадрид без отштета за година ипол.
Поради тоа, променетата клаузула на новиот договор се чини како компромис по мерка на сите 3 страни.
Шампионот на Франција би се обезбедил што се однесува за евентуално обесштетување, Мбапе би добил повисока плата, а Реал Мадрид можност да го купи играчот по привилегирани услови.
Real Madrid believe they might be able to sign France striker Kylian Mbappe for about £160m if the 21-year-old does not sign a new deal with Paris St-Germain.
[Source: AS] pic.twitter.com/Tt8gDl50ZD
— Transfer HQ (@Transfer__HQ) November 14, 2020