Меккени: Кога бев дете не знаев што е тоа Лига на шампиони

Меккени: Кога бев дете не знаев што е тоа Лига на шампиони

пред 4 години

Американската ѕвезда на Јувентус, Вестон Меккени вели дека е привилегија да се работи со Кристијано Роналдо и признава дека како дете никогаш не слушнал за натпреварувањето со име Лига на шампиони.

Меккени дојде на стартот на сезоната од Шалке, пред Јувентус да му даде постојан договор, верувајќи во квалитетите на 22-годишниот фудбалер од средниот ред.

„Некои од моите соиграчи не веруваат до каде стигнале, дека играат во Лигата на шампионите. Но, јас, како дете никогаш не слушнав за Лигата на шампиони растејќи во САД. Сепак, некои работи се импресивни. Пред некој ден на тренинг седев со Алваро Мората и го гледавме Кристијано Роналдо како тренира слободни удари. Тоа е вистинска привилегија, да го гледаш како шутира удар по удар“, вели Меккени за „Њујорк тајмс“.

Share
Scroll to Top