(Видео) Историска пол-позиција за Марко Бецеки

(Видео) Историска пол-позиција за Марко Бецеки

пред 8 месеци

Марко Бецеки беше најбрз на првиот тренинг пред историската трка на патеката Буда, а оваа сабота го постави и најбрзото време во квалификациите за првото индиско ГП во историјата.

Во апсолутна доминација на мотоциклите на Дукати, подобар од останатите беше Бецеки, кој со резултат 1:43.947 минути стигна до осмата пол-позиција во жешките квалификации пред практично, две трки што не очекуваат на 13. викенд во Мото ГП шампионатот.

Спринт трката ќе се вози во сабота д 14 часот, а во истиот термин во недела на програмата е главната трка.

Борбата за пол-позицијата ја одбележа падот на Алекс Маркез од неговиот Гресини Дукати, поради што Шпанецот се здоби со скршеница на ребро и за него овој тркачки викенд за жал заврши.

Резултати ГП на Индија:

1. Марко Бецеки (ВР45 Дукати) 1:43.947
2. Хорхе Мартин (Прамак Дукати) 1:43.990
3. Пеко Бањаја (Леново Дукати) 1:44.203
4. Лука Марини (ВР46 Дукати) 1:44.215
5. Џоан Мир (Репсол Хонда) 1:44.454
6. Марк Маркез (Репсол Хонда) 1:44.469

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top