Мерцедес подготвени да му дадат „проштален“ тест на Грожан

Мерцедес подготвени да му дадат „проштален“ тест на Грожан

пред 11 месец

Роман Грожан, откако го преживеа најстрашниот момент во неговиот живот, вели дека сака да се прости со Формула 1 со уште едно влегување во болидот, и неочекувано, светските шампиони Мерцедес се понудија да му го организираат тоа.

Францускиот возач на Хас Ф1 доби изгореници на рацете и повреда на скочниот зглоб кога неговиот болид се запали и се „распадна“ при судирот на Бахреин ГП трката минатиот викенд во еден од најстрашните моменти во Ф1 во последната деценија. Тој се врати на патеката Сакир овој викенд, но не да се трка, бидејќи неговото место го доби Пјетро Фитипалди за денешната трка. Следната сезона во Хас ќе возат синот на Михаел Шумахер, Мик Шумахер и синот на рускиот милијардер, Никита Мазепин.

Исто така, останува несигурно дали тој ќе може да се врати на последната трка од сезоната во Абу Даби, а бидејќи нема договор за следната година, Грожан побара да добие приватен тест за да се збогува со спортот.

„Нема да ризикувам да загубам подвижност на прстите на раката само да се тркам во Абу Даби. Би било прекрасно да се вози во Абу Даби, но ако не успеам, тогаш ќе се јавам кај сите Ф1 тимови за некој да ми понуди приватен тест во јануари за да извозам уште 10-тина круга“, изјави вчера Грожан.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека ако Хас не му го организираат тоа, тогаш тие се тука.

„Ако ни се дозволи да го направиме тоа, и никој од тимовите за кои се тркаше во кариерата не му даде таква шанса, ние сме тука“, изјави Волф.

Share

Watch Zombie Land Saga Episode 12

Website https://aniwatch.pro: Watch Garaga (Dub) aniwatch Episode Full anime stream

Watch anime online for free at WCOStream anime online

Website https://animefreak.ws: Watch Jiang Ziya animefreak Episode Full animefreak death note

Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/animeflixnl

Heromachine: http://www.heromachine.com/forums/users/animefreakws/

Scroll to Top