Во САД се погласно се споменуваат кандидатите за МВП на сезоната во НБА лигата. Сринот Никола Јокиќ е меѓу конкурентите.
Легендарниот Меџик Џонсон кој често го фаворизираше Џоел Ембид сега го смени мислењето. Смета дека сршскиот ас ја заслужува наградата.
„Леброн и Џоел Ембид ја започнаа сезоната водејќи в МВП трката, потоа Стеф Кари имаше `жешка серија`. Но, најконстантен во текот на целата сезона беше Никола Јокиќ. Го доведе својот тим до учинок 9-1 откако во аут е ѕвездата на екипата, Џемал Мареј, докажувајќи дека треба да биде МВП“ напиша Џонсон на Твитер.
LeBron and Joel Embiid started the season leading the MVP race, then Steph Curry had a hot streak…BUT the most consistent guy all season long has been Nikola Jokić. He’s led his team to a 9-1 record since star guard Jamal Murray went out, proving he’s worthy of being named MVP.
— Earvin Magic Johnson (@MagicJohnson) May 2, 2021