Милојевиќ заминува во НБА, ќе работи во Голден стејт Вориорс

Милојевиќ заминува во НБА, ќе работи во Голден стејт Вориорс

пред 3 години

Дејан Милојевиќ, ќе го напушти кошаркарскиот клуб Будуќност, кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата.

Милојевиќ, на почетокот на годината беше именуван во тренер на Будуќност. Тогаш потпиша договор до 2023 година, со клаузула дека може да замине доколку добие ангажман во НБА лигата.

Дејан Милојевиќ од наредната сезона ќе работи во стручниот штаб на Голден стејт Вориорс, како асистент на тренерот Стив Кер.

Овој тим на теренот го предводи еден од најдобрите играчи во НБА, Стеф Кари.

Вориорс се еден од најсилните тимови во лигата, а наредната сезона ќе се обидат да ја нападнат титулата, бидејќи во тимот ќе се врати Клеј Томпсон, кој поради тешка повреда паузираше една година.

Share
Scroll to Top