Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ даде гол во 90. минута за Србија да стигне до неверојатна 2:1 победа над Португалија и да го прати Кристијано Роналдо и „друштвото“ во баражот за Мундијалот, а „орлите“ до пласман во Катар. Шпанија, пак, не направи премногу, но 1:0 победата над Шведска беше доволна да го потврди билетот за Мундијалот.
„Подарокот“ кој Португалците го добија на стартот на мечот беше доволен – Бернардо Силва успеа да му ја одземе топката на невнимателниот Гудељ, а Ренато Санчес да постигне лесен гол. Ѕвездата на Ајакс, Душан Тадиќ, исто така искористи подарок од другата страна, овојпат од голманот Руи Патрисио кој лошо реагираше во 33. минута за израмнување. Во второто полувреме, Португалците ја вратија иницијативата и Рајковиќ двапати ги спасуваше гостите, по што влегувањето на „џокерот“Митровиќ придонесе за гол во 90. минута и неверојатен триумф на „орлите“.
EPICO. SERBIA DA VUELTA UN PARTIDO INCREÍBLE EN EL 90′, Y DEJA A PORTUGAL AFUERA DE LA CLASIFICACIÓN DIRECTA. MITROVIC, HEROE NACIONAL.pic.twitter.com/oLTJFCLYWg
— Valentín Torres Erwerle ✍️?️ (@TorresErwerle) November 14, 2021
Швеѓаните пак, откако во претходниот меч шокантно загубија со 2:0 од Грузија и им го препуштија првото место на Шпанците во групата Б, не успеаја да дадат гол во Севилја, по што во 86. минута, Алваро Мората ги казни и 1:0 победата беше доволна да се потврди патот на „фуријата“ на Луис Енрике на Мундијалот.
ГРУПА А
Португалија – Србија 1:2
Луксембург – Р.Ирска 0:3
ГРУПА Б
Шпанија – Шведска 1:0
Грција – Косово 1:1