Прославата на титулата на Атлетико Мадрид вчера во центарот на градот доби и трагична димензија, откако беше потврдено дека еден 14-годишен навивач го загубил животот на улиците на престолнината.
Спореде „Ел паис“, тинејџерот бил во комби и со телото бил излезен од прозорецот и ја удрил главата при влегување на паркинг на Плаза де Санта Ана во Мадрид. Комбито пренесувало неколку млади навивачи кои исто така биле излезени од прозорците.