Морбидели со маестрална победа во Арагонија, Мир без триумф останува лидер!

Морбидели со маестрална победа во Арагонија, Мир без триумф останува лидер!

пред 3 месеци

Возачот на Петронас Јамаха, Франко Морбидели стигна до својата втора победа оваа сезона во Мото ГП, откако вторпат на патеката во Арагонија, овојпат на Теруел ГП трката, победи пред Алекс Ринс во Сузуки, додека Жоан Мир со нов подиум на третото место остана лидер во генерален пласман на само три трки пред крајот на шампионатот.

Лудата скратен Мото ГП сезона досега во 11 трки имаше осум различни победници, но во Арагонија, Морбидели не дозволи да има и деветти победник, откако беше супериорен и од стартот на трката го остави Ринс зад себе за втора победа. Тој е само втор возач со над една победа оваа сезона по трите триумфи на Фабио Квартараро.

Лоша среќа имаше освојувачот Такаки Накагами кој падна уште во првиот круг, додека во аут беше и Алекс Маркез, кој падна во моментите кога имаше шанса да се бори а подиум.

Мир со подиумот останува прв со 137 поени во генерален пласман, Квартараро по уште една лоша трка во која заврши на осмото место е втор со 123 поени, Маверик Вињалес е втор со 117 поени, додека победникот Морбидели е четврти на 25 поени заостанување (112).

Share

Tian Guan Ci Fu Episode 11 at website https://animeplanet.cc attack on titan anime planet

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 Episode 5 (https://animeflix.nl/m/ndan/ep-5) at website https://animeflix.nl animeflix hero academia

Scroll to Top