Европското првенство во фудбал ќе започне во петок, со натпреварот помеѓу Италија и Турција. 24 репрезентации, меѓу кои е и Македонија, ќе се бора за титулата на ЕУРО 2020. Во пресрет на ЕП, француски „Лекип“, направи тим составен од фудбалери кои од разни причини нема да учествуваат на ЕУРО 2020.
Тимот што го состави „Лекип“, според „Трансфермаркт“, вреди 578 милиони евра. Од репрезентациите кои ќе учестуваат на ЕУРО 2020, поголема вредност има само Франција 584 милиони евра.
На голот е Јан Облак, кој со Словенија не успеа да избори пласман на ЕП. Тројца од одбраната поради повреди ќе го пропуштат континенталниот шампионат. Трент Александер-Арнолд се повреди пред неколку дена, Серхио Рамос и Вирџил Ван Дајк се наоѓаат во процесот на рехабилитација, додека Тео Ернандез не успеа да избори место во француската репрезентација, исто како и супр-талентот на Рен, Едуардо Камавинга.
Србија не успеа во финалето на баражот, во Лигата на нации, да ја мине Шкотска, поради што Сегеј Милинковиќ-Савиќ нема да игра на ЕП, Марко Ројс им откажа на Германците, сакал да се одмори пред почетокот на новата сезона, додека најдобриот Унгарец, Доминик Собослаи е повреден.
Ерлинг Халанд не успеа со Норвешка да се пласира на ЕП, додека ветеранот Златан Ибрахимовиќ, кој по пауза од шест години се врати во шведската репрезентација, поради повреда нема да игра на ЕП.
Тимот на „Лекип“:
Облак (90 милиони евра) – Александер-Арнолд (75), Рамос (14), ван Дајк (70), Тео Ернандез (50) – Камавинга (55), Милинковиќ-Савиќ (70), Собослаи (25), Ројс (15) – Ибрахимовиќ (14), Халанд (110).