Мурињо го носи Џака на „Олимпико“

Мурињо го носи Џака на „Олимпико“

пред 3 години

Рома преговараат со Арсенал за трансфер на Гранит Џака, тврди „Скај спорт Италија“, и покрај тоа што нивната понуда од 13 милиони евра е далеку од сумата од 25 милиони кои ја бараат „топчиите“.

Жозе Мурињо подолго време го цени 28-годишниот швајцарски репрезентативец, кој е во Арсенал од 2016 година по трансферот од Борусија Менхенгладбах и има договор до јуни 2023 година.

Според, „Скај спорт“, Џака е еден од најважните фудбалери кои ги побарал Мурињо веднаш по потпишувањето на договорот со „волчицата“. Швајцарецот немаше најдобри односи со навивачите на Арсенал, и под нивни притисок ја загуби капитенската лента по инцидентот во 2019 година. Џака има 45 настапи за Арсенал оваа сезона, и вкупно 92 настапи за швајцарската репрезентација, каде што е и капитен.

Share
Scroll to Top