Мурињо го повикал Дибала да му се приклучи во Рома

Мурињо го повикал Дибала да му се приклучи во Рома

пред 2 години

Трансферот на Паоло Дибала со недели е тема во светските медиуми. Аргентинецот го напушти Јувентус како слободен играч, се веруваше дека ќе ја продолжи кариерата во Интер, но вице-првакот на Италија реши да го врати во своите редови Ромелу Лукаку.

Проблем е платата на Дибала, нема многу клубови што можат да ги исполбнат неговите финансиски барања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо денеска лично му се јавил на телефон на Пауло Дибала и го повикал да му се придружи во Рома.

Проблемот е што Вучица на Аргентинецот му нуди „само“ 6.000.000 евра годишно со вклучени бонуси, што е помалку од она што го заработуваше во Јувентус.

Share
Scroll to Top