Во четвртото коло од Лигата на шампионите, Реал Мадрид гостува кај грчкиот шампион, АЕК во Атина.
Реал Мадрид не е само фаворит во овој натпревар, туку како европски рекордер е еден од фаворитите за освојување на титулата.
На прес-конференцијата, Жозе Мурињо, кој ја освои Лигата на шампионите со Порто и Интер, беше прашан дали го очекува истото и со „кралскиот клуб“.
„Титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид? Тоа би била титула освоена со најголемиот клуб во светот“, рече познатиот Португалец…
„Но, не сакам да зборувам за хипотези, сакам да зборувам за реалноста, а таа е таква што сè уште не сме ја поминале ниту групната фаза.“
Реал Мадрид е еден од петте клуба кои по три кола имаат максимален учинок и освоија девет бода.
Натпреварот помеѓу АЕК и Реал е закажан за среда во Атина, со почеток во 18:45 часот.
Foto/ Depositphotos






