„Му бев цимер на Марадона, а се срамев поради тоа“

„Му бев цимер на Марадона, а се срамев поради тоа“

пред 2 години

Поминаа две недели од смртта на идолот на многу генерации – Диего Армандо Марадона.

Имаше луѓе кои го обвинуваа, но и од оние кои го величеа, сепак преовладуваат коментарите дека тој бил само „обичен тип“.

Еден од оние кои смета дека Марадона воопшто не бил вообразен тип е неговиот поранешен соиграч од аргентинската репрезентација, Ариел Ортега.

„Се случи во 1994 година да делам соба со Марадона. Мислам дека сме ретки ние кои тоа го доживеавме. Јас дури не ни сакав да бидам со него во соба, да му бидам цимер, чувствував срам, се срамев поради тоа“ раскажува Ортега.

Тој на СП во САД во 1994 година имал само 20 години, и имал чест да дели иста соба со Марадона кој тогаш со 33 години беше прва ѕвезда на „гаучосите“

„Ми рече дека собата е моја, да преземам контрола и дека можам да правам што сакам. Тоа ми се чинеше неверојатно, како јас да сум Марадона, а тој Ортега“ вели екс-репрезентативецот на Аргентина.

Ортега важеше за еден од најголемите таленти на Ривер Плата, но кариерата во Европа не му беше сјајна.

Играше за Валенсија, Сампдорија и Парма, а многумина веруваат дека можеше и повеќе. Сепак за него деновите поминати со Марадона ќе останат во вечно сеќавање.

„Тогаш ја открив другата страна на личноста на Марадона, онаа хуманата. Беше фантастична личност“ порача Ортега.

Share

https://tai.go88.is/

sunwin energy srl

Scroll to Top