Навивачите на Шалке не му дозволија на клубот да потпише со Енрич

Навивачите на Шалке не му дозволија на клубот да потпише со Енрич

пред 3 години

Навивачите на Шалке не му дозволија на клубот да го ангажираат искусниот шпански напаѓач Серџо Енрич (31). Навивачите на шалке не сакале дресот на тимот да го носи фудбалер кој во минатото бил осудуван.

Серџи Енрич, во 2016 година, од шпанскиот суд доби две години условно и беше парично казнет, бидејќи го снимал сексуалниот однос со една жена, без нејзина дозвола. Во тоа му помогнал тогашниот соиграч од Еибар, Антонио Луна, кој доби иста казна како и Енрич.

Фудбалерот имал договор со Шалке, без обесштетување да се пресели во Гелзенкирхен. По протестите на навивачите клупските челници го откажале трансферот.

Енрич, минатата сезона со Еибар испадна од Ла Лига. Во кариерата играл за Нумансија, Мајорка, Алкоркон и Уелва.

Share
Scroll to Top