Дуелот на Барселона и Баерн е дерби на првото коло во Лигата на шампионите. Дуелот на клубовите кои заедно имаат 11 трофеи во ЛШ ќе се одигра вечерва, со почеток во 21 часот.
Барселона, по 17 години, една сезона во ЛШ, ќе започне без Лионел Меси. Клупската икона, поради финансиските проблеми со кои е соочен клубот, летово се пресели во ПСЖ.
Поради тоа, но и поради играчите кои ги има на располагање, тимот на тренерот Јулијан Нагелсман е фаворит на „Ноу Камп“.
„Повеќе го немаат Меси, но имаат добри играчи, кои можат да направат разлика на теренот. Ние сме подготвени за нив. Не мислам дека Барселона е многу послаба од лани. Дали сме фаворити или, тоа е прашање за медиумите. Знам само дека ќе играат два големи клуба“, рекол Нагелсман.
Во Е-групата, покрај Баерн и Барселона се и Динамо Киев и Бенфика.