Надал дебело го наплаќа учеството на помалите турнири

Надал дебело го наплаќа учеството на помалите турнири

пред 4 години

Директорот на АТП турнирот во Акапулко, Раул Сурутуса, потврдил дека оваа година Рафаел Надал нема да ја брани титулата. Шпанецот има проблем со повредата на грбот, поради што го откажа учеството на турнирот во Ротердам, но тоа не е основната причина што тој ќе го прескокне турнирот во Акапулко.

Сурутуса рекол дека тие немаат доволно пари за да го обезбедат учеството на славниот Шпанец на турнирот.

„Односот со менаџерот на Надал, Карлос Коста е добар и работите беа отворени, но реалноста вели дека ние немаме толку пари. Нашиот буџет за оваа година е ограничен, поради што решивме парите да го вложиме во оние играчи кои мораме да го донесеме“, рекол Сурутуса.

Директорот на турнирот потврдил дека Алкександар Зверев, го потпишал договорот и дека добро ќе заработи од учеството во Акапулко.

„Имаме потпишан договор со Зверев, а повикавме уште четворица, чии финансиски барања беа помали“.

Сурутуса открил дека Надал, за настап на турнирите од Серијата 250 и 500, бара помеѓу 500.000 и 1.000.000 долари.

Турнирот од Серијата 250, во Акапулко, на програмата е од 15. до 20.март.

Share
Scroll to Top