Надал и Медведев експресно до третата рунда

Надал и Медведев експресно до третата рунда

пред 4 години

Рафаел Надал и Данил Медведев во три сета изборија пласман во третото коло на Австралија опен. Вториот и четвртиот носител, против своите опоненти, минаа речиси исто време на теренот, Шпанецот играше еден час и 47 минути, а Русинот една минута помалку.

Надал го победи Американецот Мајкл Мо, инаку 177 на АТП листата, со 6/1, 6/4, 6/2. Финалистот од минатата година, за пласман во четвртото коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Камерон Нори и Роман Сафијулин. .

Со сличен резултат Данил Медведев, го совлада сонародникот на Надал, Баена Роберто-Кабаљес. Против 99 играч на АТП листата, Медведев славеше со 6/2, 7/5, 6/1.

Противник на Медведев, во третото коло, ќе му биде Србинот Филип Крајиновиќ.

Share
Scroll to Top