Надал: Федерер е еден од најголемите во историјата на спортот

Надал: Федерер е еден од најголемите во историјата на спортот

пред 9 месеци

Иако на Ролан Гарос го израмни неговиот рекорд од 20 гренд слема, Рафаел Надал го нарече својот вечерн ривал Роџер Федерер како еден од најголемите во историјата на спортот.

На стартот на нивните кариери двајцата изградија тениско ривалство какво што ретко се гледаше, но како што се движеше времето, ривалството се трансформираше во меѓусебна почит и пријателство. Федерер беше еден од првите кој му честиташе на Надал за достигнувањето на неговиот гренд слем рекорд, а сега Надал вели дека квалитетите на Федерер го надминуваат тенисот.

„Роџер Федерер е еден од најголемите во историјата на спортот. Тој е мој голем ривал, а тоа влијаеше добро на двајцата и на целиот тенис. Во некои работи сме исти – сакаме смиреност, семејство. Во други сме многу различни. Тој е Швајцарец, јас сум Шпанец. Имаме сосема различни карактери, различна култура, различен начин на живот“, вели Надал во интервју за „Кориере дела сера“.

Шпекулациите постојано тврдеа дека односите меѓу двајцата се смениле на подобро кога Федерер ја посетил тениската академија на Надал на Мајорка, но Шпанецот вели дека не е така.

„Ништо не се смени тогаш, бидејќи односите и претходно беа добри. Тој воопшто немаше да дојде доколку не се согласувавме“, објаснува Надал.

Share

WCOStream wcostream amazing world of gumball: My Hero Academia 2 (https://wcostream.cc/m/Y6yN) Episode 25

GoGoAnime nisekoi gogoanime: Naruto: Shippuden Episode 500

Scroll to Top