Наполи има „безброј“ проблеми, нема да има ниту еден трансфер ова лето?

Наполи има „безброј“ проблеми, нема да има ниту еден трансфер ова лето?

пред 3 години

Претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис најави дека неговиот клуб има „безброј проблеми“ кои треба да се решат, посочувајќи дека е можно тимот да нема ниту еден трансфер ова лето.

Наполи го отпушти Џенаро Гатузо и го донесе Лучано Спалети, но кај играчите ниту еден не пристигна, а постојат и стравувања за иднината на капитенот Лоренцо Инсиње, кој има договор со „партенопеи“ само до јуни 2022.

„Морам да се сретнам со Спалети, бидејќи утре се враќам во Рим и пред нас имаме безброј проблеми. Пазарот на играчи е отворен, за продавање и за купување, имаме уште неколку дена и потоа, кој ќе остане, ќе остане, кој е е тука, нема да жалиме“, вели Де Лаурентис.

Досега се шпекулираше дека тие се заинтересирани за Емерсон Палмиери од Челси, Матијас Весино од Интер, додека Калиду Кулубали останува опција за повеќе европски клубови.

Share
Scroll to Top