Најавиле допинг контрола – се откажале 130 велосипедисти

Најавиле допинг контрола – се откажале 130 велосипедисти

пред 10 месеци

Неверојатна информација поврзана со велосипедизмот доаѓа од Шпанија.

Дури 130 велосипедисти се откажаа од трката во Виљена во провинцијата Валенсија, по најавата за пристигнувањето на антидопинг агенцијата.

Од 182 пријавени учесници на 40. издание на трката „Сикло 21“, целта ја минаа само 52.
Многу од учесниците го објаснија своето повлекување со повреди или несреќи.

Сепак, нема докази за тоа на снимките од оваа трка.

Второпласираниот Алваро Марса на социјалните мрежи потврди дека објавата за допинг контрола била главната причина за неговото повлекување.

„Антидопинг контрола во Виљена = повреди и повлекувања. Нема тука никаква математика, ова е реалноста. Да видиме дали ќе преземат мерки. Ова е циркус. Патем, контролата ја поминав. Третата работа што се случи. Ајде види дали ќе ги објават резултатите“, напиша Марса на својот Инстаграм профил.

Организаторот на трката излезе со официјално соопштение за тоа што се случи и ја изрази својата посветеност на борбата против допингот.

Share
Scroll to Top