Ромеро од Аталанта денеска не игра против Лацио – има корона!

Ромеро од Аталанта денеска не игра против Лацио – има корона!

пред 3 години

Фудбалерот на Аталанта, дефанзивецот Кристијан Ромеро денеска нема да му биде на располагање на тренерот Гасперини за мечот од 20. коло во Серија А против Лацио. Тој на последното тестирање на Ковид 19 имал позитивен тест.

Ромеро веднаш е ставен во изолација, а моментно се чувствува добро и нема никакви знаци на болеста.

Интересно е што двата тима ќе се состанат по вторпат за само 4 дена. На 27 јануари играа во четвртфиалето на Копа Италија, Аталанта славеше со 3-2.

Ромеро ги одигра сите 90 минути на тој дуел. Поради двонеделниот карантин тој нема да биде во составот ни во Куп полуфиналето против Наполи.

Share
Scroll to Top