Напаѓачот на Баер Леверкузен, Чехот Патрик Шик шутираше од далечина од 45,4 метри и го матираше голманот на Шкотска, Дејвид Маршал во меч од групната фаза на ЕУРО 2020. Официјално тоа е гол постигнат од најголема далечина на европските првенства.
Погодокот на Шик е прогласен за најубав погодок на ЕУРО, објавија од УЕФА. За еден од десетте најубави голови на првенството се гласаше на официјалната страница на УЕФА. Погоокот на чешкиот напаѓач собра 800.000 гласови.
На второ место е погодокот на Пол Погба за „триколорите“ на мечот против Швајцарија, додека трет според гласовите е маестралниот погодок на Хрватот Лука Модриќ.
На четврто место беше голот на Лоренцо Инсиње, а петти оној на Кристијано Роналдо.
Тука се сите 10 гола кои влегоа во најтесниот избор, а кои беа избрани од комисија во УЕФА: