На Ромеро му пропадна трансферот, неговата сопруга го обвини Манчестер Јунајтед

На Ромеро му пропадна трансферот, неговата сопруга го обвини Манчестер Јунајтед

пред 4 месеци

Аргентинскиот голман Серхио Ромеро и покрај интересот на неколку клубови остана во Манчестер Јунајтед. Ромеро беше најблиску до Евертон меѓутоа челниците на Манчестер Јунајтед ги одбија понудите за неговите услуги.

Серхио Ромеро нема иднина на „Олд Трафорд“ бидејќи предност на голот имаа Давид Де Хеа и Дин Хендерсон.

Откако заврши преодниот рок со критики до клубот се огласи сопругата на Ромеро.

„Серхио напорно работеше за клубот. Последниот трофеј го освоија кога тој бранеше. Минатата сезона ги донесе до полу-финалето во Лига Европа, а потоа го седнаа на клупата и испаднаа. Сега имаа можност да му се одолжат за лојалноста и да го пуштат да си оди“, рекла сопругата на голманот.

Поранешниот тренер Хари Реднап за „Скај Спорт“ ја коментирал нејзината изјава.

„Сигурен сум дека е среќна кога ќе добие 100.000 фунти неделно“, рекол Реднап.

Share

Watch The Irregular at Magic High School Episode 4 (https://animeplanet.cc/m/68k/ep-4) at website https://animeplanet.cc. See more anime planet one piece

Dragon Ball Z (Dub) Episode 291 at website https://animeheaven.pro attack on titan anime heaven

Scroll to Top