Нејмар: Уште еднаш, Господ ме спаси од нешто посериозно

Нејмар: Уште еднаш, Господ ме спаси од нешто посериозно

пред 3 години

Откако имаше стравувања дека по повредата добиена во последните минути од мечот со Лион во неделата (кој ПСЖ го загуби со 0:1), Нејмар преку Инстаграм се јави со порака дека повторно, Господ му помогнал да избегне посериозни последици.

Нејмар во минатото имаше голем број на повреди кои го острануваа од мечевите во Лигата на шампионите, но сега првичните информации за фрактура на скочниот зглоб се покажаа како погрешни и тој најверојатно ќе може да игра против поранешниот клуб Барселона во осминафиналето на ЛШ.

„Можеше да биде многу полошо, но уште еднаш Господ ме спаси од нешто посериозно. Плачот во неделата беше поради болка, очај, страв, операција, патерици и други лоши сеќавања. Се надевам дека ќе се вратам што е можно побргу“, напиша Нејмар.

Неговиот татко, Нејмар Сениор исто така беше бесен на стартот на Тијаго Мендеш, кој можеше да има посериозни последици.

„Проклетство, колку долго ова мора да се случува? Дали ќе дозволуваме вакво насилство. Зошто да се чека до седмиот, осмиот или деветтиот фаул? Дали мора да гледаме на ВАР дали е црвен картон, дали некој е повреден?“, напиша Нејмар Сениор.

Share
Scroll to Top