На 100 дена до почетокот на ОИ во Токио се уште има многу прашалници

На 100 дена до почетокот на ОИ во Токио се уште има многу прашалници

пред 3 години

Олимписките игри во Токио ќе започнат за точно 100 дена од денеска, на 23 јули 2021 година и предвидено е да траат до 8 август. Тие требаше да се одржат минатата година, ама поради пандемијата на коронавирусот се одложија за годинава.

„На Олимписките игри во Токио ќе ја славиме солидарноста на целокупното човештво. Цел свет се соочи со неочекувана криза и пандемија, па организацискиот комитет `Токио 2020` е одлучен во тоа ова лето на сите луѓе да им овозможи надеж дека наскоро не очекува светло на крајот на тунелот. Многу спортисти и покрај тешката година зад нас дадоа се од себе за вредно да тренираат и одвај чекаме да ги видиме во Токио, заедно да ги славиме успесите“ – изјави претседателката на организацискиот одбор, Хашимото Сеико на одбележувањето на 100 дена до почетокот на Игрите.

Се уште има многу прашалници поврзани со Олимпијадата – но најголемите се секако какви ќе се протоколите и дали вакцинацијата ќе е услов за учество на ОИ.

Share
Scroll to Top