Вечерва ќе бидат познати полу-финалните двојки во Лига Европа. Динамо Загреб, на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, ќе гостуваа кај Виљареал. „Модрите“, имаат гол минус по првиот меч, одигран минатиот четврток во Загреб.
Манчестер јунајтед, против Гранада треба да го потврдат своето место во полу-финалето. „Црвените ѓаволи“, реваншот во кој се домаќини ќе го започнат со предност од два гола.
Тешка задача е пред фудбалерите на Ајакс, во Рим ќе ја бркаат предноста на Рома од 2:1.
Пред елиминација се наоѓа Арсенал. Славија во првиот меч успеа да остане непоразена (1.1), во Лондон.
Натпреварите ќе започнат во 21. часот.