Екипата на Волфсбург првпат сезонава не успеа да го земе целиот плен од еден меч во Бундеслигата. Виновни за тоа се фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт кои одиграа нерешено 1-1 на гостувањето кај противниците на „Фолксваген арената“.
Гостите од Франкфурт први дојдоа до водство, во 38 минута на асистенција на Костиќ прецизно стрелаше Ламерс.
Во 70 минута Вегхорст израмни на 1-1.
Домашните имаа поголем посед на топката, упатија и многу повеќе директни удари во рамки на противничкиот гол, но не успеаја да ги земат останатите два бода. Посебно доминантни беа во вториот дел каде „орлите“ беа сконцентрирани на одбрана на резултатот.
Волфсбург по 5 кола е второпласиран со 4 триумфи и едно реми, зад Баерн, а пред Борусија (Д).
Ајнтрахт, пак, во петте натпревари има четири нерешени и еден пораз, при дното на табелата.