Пари Сен-Жермен се одмаздија за поразот во финалето на Лигата на шампионите од Баерн Минхен, елиминирајќи ги Баварците и покрај домашниот 0:1 пораз, резултат кој е таков само бидејќи Нејмар едноставно немаше среќа вечерва.
Бразилскиот ас очигледно беше мотивиран против Баварците, посебно во првото полувреме, кога за неполни две минути двапати ја погоди рамката на голот на Мануел Ноер.
Сега, тој може утре комотно да го следи мечот Борусија Дортмунд-Манчестер сити и да го чека противникот во полуфиналето.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк