Најскапиот играч во светот, Нејмар, ќе го пропушти и осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите, против својот поранешен клуб Барселона.
ПСЖ и Барселона, реваншот ќе го одиграа во среда, во Париз. Првиот натпревар, одигран пред три недели во Барселона, до добија „светците“ со 4:1.
Нејмар се повреди кон крајот на јануари, на Куп натпреварот против Каен. Минатата недела тој започна да тренира. Сепак, со оглед на големата предност што ја има ПСЖ, во клубот не сакаат да ризикуваат евентуална нова повреда на Бразилецот.
Натпреварот на „Паркот на принцовите“ ќе започне во 21 часот.