Никој не ги сака новите дресови на „Пума“ – каде е грбот на клубот?

Никој не ги сака новите дресови на „Пума“ – каде е грбот на клубот?

пред 3 години

Новите „трети“ дресови на „Пума“ ги разочараа фановите на клубовите кои ги носат, а ова посебно беше во центарот на вниманието откако напаѓачот на Фенербахче стана вирален со својата реакција во обидот да го бакне грбот на клубот (кој го нема на дресот).

20-годишниот Мухамед Гумушкаја го постигна единствениот гол против ХЈК Хелсинки на вчерашниот бараж за Лига Европа, но не успеа да прослави откако се обидуваше да го пронајде грбот на клубот.

Не се само фудбалерите на Фенер со ваков проблем, слични дресови имаат и Манчестер сити, Милан, Олимпик Марсеј, Валенсија и Борусија Менхегладбах без грбот на клубот и само со натпис на името на клубот. Објаснувањето на „Пума“ е дека грбот на сите клубови е вграден во текстурата на дресот.

Еден клуб се погрижи да нема ваков проблем – Борусија Дортмунд наводно ги одбила дресовите за сезоната 2021/22.

Share
Scroll to Top