Турскиот стрелец Јусуф Дикец поднесе барање до Турскиот институт за интелектуална сопственост за да ја заштити комерцијалната употреба на позата што го прослави на Олимпијадата во Париз.
„Откако бевме информирани за бројни иницијативи за регистрација на трговска марка, кои беа спроведени без знаење на Јусуф Дикец, го поднесовме барањето пред околу една недела“, изјави неговиот тренер Ердинк Билгили за АФП.
Дикец на годинешните Олимписки игри во дисциплината 10 метри мешан воздушен пиштол, во која го освои сребрениот медал, пукаше со левата рака во џеб, без заштитни очила и слушалки.
Некои спортисти, како што се шведскиот скокач во височина, Арманд Дуплантис и фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ја копираа неговата поза за време додека ги прославуваа своите успеси.
Турскиот информативен канал ТРТ Хабер, наведува дека многу производи на кои се наоѓа позата на Дикец, како маиици, шолји, маски за мобилни телефони се пуштени во продажба.