Ни смешно, ни културно: Објавувата на Црвена звезда е под нивото на сериозен клуб

Ни смешно, ни културно: Објавувата на Црвена звезда е под нивото на сериозен клуб

пред 5 часа

Манчестер сити вчера претрпе пораз од 0:4 од Тотенхем во Премиер лигата, што во беше знак за администраторите на фудбалскиот клуб Црвена звезда на социјалните мрежи да се потсмеваат со клубот кој во последните четири години го освојуваше англискиот шампионат.

Тимот на Пеп Гвардиола е во серија од пет последователни порази, што никогаше не му се случило на трофејниот шпански стручњак.

Во Звезда решија да го коментираат ова со скриншот од таа серија неуспеси на фотографија со две бебиња, од кои насмеаното е претставено како српскиот, а она што плаче како англиски клуб.

„Новиот пораз на Манчестер сити донесе непотребна и многу одвратна реакција на официјалниот профил на социјалната мрежа „Х“ на ФК Црвена звезда. ПР-секторот на српскиот шампион се обиде да биде хумористичен, но во основа му предизвика срам на клубот“, пишува српското издание на „Спорт Клуб“.

„Црвена звезда со порака: „Тешки времиња, пријателе“ и исмејувајќи ја серијата порази на Манчестер сити, неиспровоцирано реагираше на резултатите на клубот со кој се сретнаа во Лигата на шампионите минатата сезона“, се додава, потсетувајќи дека белградскиот клуб во минатото го исмеваше и Реал Мадрид и истакнува: дека „се поставува прашањето дали Црвена звезда има намера од сериозен професионален клуб да премине во статус на „кловн“ кој ќе привлече внимание со објави на социјалните мрежи“.

Share
Scroll to Top