Англичаните го загубија Александер-Арнолд, шанса за Лингард?

Англичаните го загубија Александер-Арнолд, шанса за Лингард?

пред 3 години

Бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд нема да може да настапи на Европското првенство ова лето откако доби повреда на бутниот мускул, која ќе го оддалечи од фудбалот најмалку шест недели, потврдија од Англиската фудбалска федерација (ФА).

Околу 22-годишниот Александер-Арнолд имаше голем број на шпекулации околу тоа дали ќе биде во 26-члениот тим на Герет Саутгејт за ЕУРО, и откако беше потврден како дел од тимот, тој вчера се повреди при 1:0 победата над Австрија. Се верува дека тој има скинат мускул.

„Трент Александер-Арнолд нема да може да биде дел од тимот за ЕУРО 2020 откако доби повреда во финишот на вчерашниот натпревар против Австрија во Милдзборо. Прегледите покажаа дека тој нема да може да биде подготвен. Герет Саутгејт нема да објави замена до неделниот меч против Романија“, објавија од ФА.

Главни фаворити за заземањето на неговото место во тимот се Џејмс Ворд-Прауз, но и Џеси Лингард, откако фудбалерот на Манчестер јунајтед беше втор најдобар англиски стрелец во Премиер лигата минатата сезона зад Хери Кејн како позајмен фудбалер во Вест хем.

Share
Scroll to Top