Нова победа на Атлетико – Суарез и Коста му пресудија на Елче

Нова победа на Атлетико – Суарез и Коста му пресудија на Елче

пред 4 години

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, во својот 12 натпревар сезонава, ја забележаа деветтата победа. „Јорганџиите“ славеа над Елче со 3:1, со што ќе ја задржат челната позиција на табелата и по оваа рунда во Ла Лига.

Клучен човек во победата на Атлетико беше Уругваецот Луис Суарез. Најголемото засилување на Атлетико ги постигна првите два гола на натпреварот во 41. и 58.минута. Асистенти за головите беа Керан Трипие и Јаник Караско.

Елче се вратија во натпреварот со голот на Лукас Боје во 64.минута. Овој гол е прв по пауза од три месеци што го примија играчите на Атлетико, на домашен терен, во Ла Лига.

Се обидоа гостите да извршат пристисок по постигнатиот гол, меѓутоа не успеаја посериозно да се закан кон голот на Облак.

Надежите на Елче дека ќе може да направи некакво изненадување ги уништи Диего Коста во 80.минута.

Три минути по влегувањето во игра, Бразилецот избори пенал кој поота сигурно го реализираше.

Share
Scroll to Top