Објаване токсиколошкиот наод – Во крвта на Марадона немало траги на дрога и алкохол

Објаване токсиколошкиот наод – Во крвта на Марадона немало траги на дрога и алкохол

пред 4 години

Во крвта на Диего Марадона не биле пронајдени траги на дрога и алкохол. Легендарниот фудбалер, почина на 25.ноември.

Според токсиколошкиот наод, пред смртта, тој не користел дроги и алкохол. Во неговата куќа биле пронајдени неколку антидепресиви.

Сега ќе се проверува дали тие антидепресиви имале влијание врз неговата хронична срцева болест.

Анализите на крвта и урината, покажале дека тој користел лекови против анксиозност, пиел таблети за спиење.

Форензичарите забележале дека дека тежината на неговото срце изнесувала 503 грама, што е речиси двојно повеќе него кај некои други лица.

Аргентинското обвинителство истражува дали смртта на Марадона можел да биде избегната, односно дали тој починал од лекарска негрижа.

Share
Scroll to Top