Овермарс би се вратил во Арсенал за да го среди хаосот

Овермарс би се вратил во Арсенал за да го среди хаосот

пред 3 години

Арсенал катастрофално влегоа во новата сезона. Клубот во летниот преоден рок вложи во засилувања решиси 180 милиони евра, а во првите три кола доживеа исто толку порази. Без постигнат гол, Арсенал, се последни на табелата.

Навивачите не се задоволни од менаџерот Микел Артета, а уште повеќе го критикуваат спортскиот директор Еду.

Понуда, преку Реј Парлоу, до Арсенал испратил поранешниот играч Марк Овермарс. Тој бил подготвен да се врати во Арсенал за да го „среди хаосот“.

„Се допишував со Марк, тој ми кажа: „Реј морам да се вратам во клубот за да го средам хаосот“, им открил Парлоу на новинарите.

„Еду е најголемиот виновник. Тој ја има најважната улога, тој работи на трансферите. Еду играше за победнички тимови, веројатно знае што му треба на тимот, но како ќе ги привлечете фудбалерите кога не играте во европските купови? Сите сакаат да играат во Лигата на шампионите или во Лига Европа. Не му е лесно, понекогаш нуди и поголеми плати. Тоа го направи Арсенал со неколку фудбалери“.

Марк Овермарс во моментов е спортски директор на Ајакс. На оваа позиција се наоѓа во последните девет години. Овермарс во периодот од 1997 до 2000 година играше во Арсенал.

Share
Scroll to Top