Ограбен домот на Рамос додека тој го играл натпреварот со Ленс

Ограбен домот на Рамос додека тој го играл натпреварот со Ленс

пред 1 година

Домот на Серхио Рамос бил ограбен минатата среда додека тој со Севилја го играл натпреварот против Ленс во Лигата на шампионите (1:1).

Како што пренесува сајтот „АБЦ“, се се случило на 20 септември, додека неговата сопруга Пилар Рубио имала деловни обврски во Севиља.

Нивните четири деца биле во станот со нивната дадилка. Крадците незабележано влегле во станот и исто така си заминале со пленот.

Втор пат му се случува на Рамос да биде ограбен. Првиот пат тоа му се случи во Мадрид, во 2012 годин, додека играше за Реал.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top