Од Марсеј порачаа: Не го сакаме Диего Коста, скап е и непристоен!

Од Марсеј порачаа: Не го сакаме Диего Коста, скап е и непристоен!

пред 4 години

По прекинот на договорот со мадридски Атлетико, Диего Коста го поврзуваа со многу клубови во Европа, пред се со турски Галатасарај.

Додека неговото име се врти низ медиумите како напаѓач кој е слободен, како гром од ведро небо стигна информација од Франција.

Францускиот весник „La Provence” напиша дека Диего Коста неговите менаџери неодамна му го препорачале на Олимпик Марсеј.

Следуваше експресен одговор од клубот:

„Го одбивме од две причини. Првата причина е што годишната плата на Коста е 8 милиони евра, а втората е тврдиот став на шпанскиот напаѓач“ изјавија од Марсеј.

Оттаму појаснија дека постапките и јазикот на комуникација на голгетерот се непристојни, па тоа ги одбило.

Share
Scroll to Top