Маурисио Покетино, минатата недела, потпиша двегодишен договор со ПСЖ. Аргентинецот го замени на клупата на „светците“, Томас Тухел.
Покетино беше без работа од ноември 2019 година кога ја раскина соработката со Тотенхем.
Од тој момент до пред неколку дена Покетино добивал понуди за работа, а една од нив била и од Барселона.
Во јануари минатата година, кога Барса го отпушти Ернесто Валверде, клубот го контактирал Покетино. Меѓутоа верноста и љубовта кон Еспањол го натерале да ја одбие понудата.
Маурисио Покетино е поранешен фудбалер на Еспањол, инаку градски ривал на Барселона. Во овој клуб Покетино ја започна и својата тренерска кариера.