Оливера на пол-позицијата во Португалија

Оливера на пол-позицијата во Португалија

пред 4 дена

Мигел Оливера ќе стартува од пол-позицијата, на последната трка во сезоната, Големата награда на Португалија. На домашната патека, до првата пол-позиција, возачот на Тех 3 КТМ дојде со резултат 1.38.892 минути.

Покрај Оливера, првиот ред за утрешниот старт на трката го комплетираа возачите на Петронас Јамаха и Прамак Дукати, Франко Морбидели и Џек Милер.

Во вториот ред се Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда), Фабио Квартараро (Петронас Јамаха) и Штефан Брадл (Репсол Хонда).

Последната трка за оваа сезона, во Мото ГП шампионатот, утре ќе започне во 15 часот.

Share
Scroll to Top