Олимписките игри останаа без три големи спонзори

Олимписките игри останаа без три големи спонзори

пред 5 часа

Јапонската компанија Бриџстоун во вторникот објави дека нема да го обнови спонзорскиот договор за Олимписките и Параолимписките игри кога ќе истече оваа година.

Инаку од претходно беше познато дека спонзорствата нема да ги обноват Тојота и Панасоник.

Бриџстоун е партнер на Олимписките игри од 2014 година.

На овој начин Интернационалниот олимписки комитет ќе остане без трите главни спонзори.

Тојота е единствената која јавно објави дека не е задоволна од начинот на кој ИОК ги распределува средствата добиени на име спонзорство и дека овие пари не се користат на најдобар начин за поддршка на спортистите и промоција на спортот.

Бриџстоун, како и Панасоник, не излезе во јавноста со слични изјави. Токму спротивното.

Бриџстоун најави дека станува збор за прераспределба и промена на стратегијата на брендот кој сака повеќе да се фокусира на мотоспортот.

Share
Scroll to Top