Играчите на Челси ги греат копачките во микро-печка пред секој меч

Играчите на Челси ги греат копачките во микро-печка пред секој меч

пред 3 години

Фудбалерите во светот прават секакви дозволени трикови за да бидат што е можно подобри на теренот, а англиските медиуми пренесоа за една мала тајна на фудбалерите на Челси.

Информацијата е дека пред секој натпревар копачките на играчите се загреваат во микро-печка. Причината за тоа е потребата тие да се помеки на ниските температури во зима, а со нив да можат играчите да ги покажат сите свои квалитети.

„Модерните копачки за фудбал се доста крути и тесни за ногата без оглед што играчите некогаш земаат и поголем број. Тоа е посебен проблем кога времето е поладно, па копачките се неудобни, а тоа посебно се однесува за новите, модерни модели. Играчите ги ставаат во микро-печка една или две минути за да се загреат и да се поудобни, за кожата да не е крута. Тоа е начин за најбрзо решавање на проблемите пред еден меч“ вели неименуван извор за британски „Сан“.

Челси користи нови методи за да стекне предност пред конкурентите, па така клубот вработува готвачи кои на играчите им подготвуваат оброци за по натпреварот да можат да ја надополнат загубената енергија.

Во Премиерлигата Челси моментно е на петтата позиција со 21 бод заостаток зад лидерот Манчестер Сити.

Share
Scroll to Top